На 21.01.2021 во 22.50 часот на ул.„Јустинијан Први“, после крстосница со ул.„Малешевска“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди Q7“, управувано од А.А.(21) од Скопје и патничко возило „опел корса“, управувано од И.В.(37) од с.Морани, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР:
По незгодата, И.В. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.