среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Новиот американски министер за здравство незадоволен од процесот на вакцинација во САД

Новиот американски министер за здравство незадоволен од процесот на вакцинација во САД

Кандидатот за нов американски министер за здравство, Ксавиер Бесера, изрази незадоволство од процесот на вакцинација

Бесера ги критикуваше долгите редици за вакцинација, откажувањата поради исчезнување на термините за вакцинација во одредени делови на САД и фактот дека многу Американци не разбираат кога им е редот за вакцинирање.

-Ова не е Америка. Ова не е начинот на кој се однесуваме кон оние кои ги сметаме за најранливи, на кои вакцината им е најпотребна. Ова не е Америка во најдоброто издание, изјави Бесера за Си-Ен-Ен.

Бесера уште кажа дека не може да го објави планот што ќе прецизира кога сите Американци кои сакаат ќе можат да ја примат вакцината.

-Кога ќе ја преземеме функцијата ќе можеме да кажеме нешто попрецизно. Но, мора да ни дадете шанса да разбереме што се случува во пилотската кабина, што доведува до толку стрмен пад на овој авион, изјави Бесера.