понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 102 милиони лица позитивни на коронавирус во светот

Над 102 милиони лица позитивни на коронавирус во светот

Бројот на заразени од Ковид-19 денеска надмина 102 милиони лица, според податоците на интернет страницата Ворлдметерс.

Во моментот, од избувнувањето на пандемијата, во светот се заразени 102.057.347 лица, а животот го загубија 2.201.325 лица (три проценти).

Оздравени се 73.903.379 пациенти, а има 25.949.183 активни случаи, додека 109.706 лица (0,4 проценти) се во сериозна состојба.

Соединетите Американски Држави се најтешко погодени од пандемијата, со заразени повеќе од 26 милиони луѓе, следат Индија со 10,7 милиони и Бразил со девет милиони заразени.