Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија триумфираше на гостувањето кај ФМП Академија со 83-72 во заостанатиот натпревар од седмото коло во кошаркарската лига на Македонија.
Во првото полувреме двете екипи си поделија по една четвртина, по што на пауза се замина со израмнет резултат од 39-39.
Клучна во натпреварот беше третата четвртина која гостите ја добија со десет поени разлика (14-24) и до крајот успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф.
Во победничкиот табор Скот со 16 и Симоновски со 15 поени беа најефикасни, додека кај ФМП не беа доволни ниту 31 поен кои ги уфрли Крстајиќ.