Во второто полуфинале од Светското клупско првенство во Катар, Баерн со 2:0 го совлада египетски Ал Ахли.
Баерн вечерва играше онолку колку што му требаше за да оствари победа и да се пласира во финалето, каде го очекува дуел со Тигрес од Мексико.
Херој на вечерашниот триумф беше Роберт Левандовски. Фантастичниот Полјак во два наврати ја погодуваше мрежата на Египќаните. Најпрво во 17. минута по асистенција на Гнабри, а потоа и во 86. минута со глава по нафрлувањето на Сане,
На Ал Ахли за утеха му останува борбата за третото место против бразилски Палмеирас.