Фудбалскиот судија Мајк Дин добил смртни закани поради кои побарал од челниците на Премиер лигата да не суди следното коло од англискиот фудбалски шампионат..
Дин, го судеше натпреварот помеѓу Јунајтед и Саутемпто, во 87-таминута тој досуди пенал за Манчестер Јунајтед и му покажа црвен картон на Јан Бендарек од Саутемптон.
Неколку дена подоцна ја делеше правдата помеѓу Фулам и Вест Хем. Во 94.минута тој го исклучи Томаш Соучек од Вест Хем, иако Александар Митровиќ од Фулам му призна дека не добил удар.
Поради тоа Мајк Дин беше навредуван на социјалните мрежи, па дури доби и смртни закани.
Одлучено е и покрај сето ова тој да го суди натпреварот во среда од ФА Купот меѓу Лестер и Брајтон, но да паузира едно коло во Премиерлигата.