сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Старата дама“ прв финалист во Купот на Итталија

„Старата дама“ прв финалист во Купот на Итталија

Италијанскиот фудбалски клуб Интер не успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар каде беа поразени од Јувентус со 2:1, па со вечерашните 0;0, Јувентус е тимот кој патува во финалето од Купот на Италија.

„Старата дама“ со вечерашното реми успеа да се пласира во големото финале, а таму ги чека подобриот од дуелот Аталанта – Наполи.

Со оглед на тоа дека Јувентус во домашното првенство нема баш добра позиција на табелата и заостанува зад лидерот Милан и второпласираниот Интер, сега е на добар пат со евентуална победа во финалето, да освои трофеј, кој сигурно ќе биде сериозен мотив за крајот на првенството.