понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ѕвезда на Шалке си заминува како слободен агент

Ѕвезда на Шалке си заминува како слободен агент

Шалке 04 објави дека една од ѕвездите на тимот, Макс Мајер ќе го напушти клубот по крајот на сезоната како слободен агент.

Дваесет и две-годишниот играч од средниот ред ги одби сите понуди да го обнови договорот.

Од почетокот на сезоната тој има запишано 24 настапи со синиот дрес во Бундеслигата, а неговото име се поврзува со Арсенал.

Во меѓувреме, „рударите“ од Гелзенкирхен потпишаа договор за партнерство со кинескиот клуб Хебеи. Договорот е за пет години, а „кралско-сините“ ќе испраќаат тренери за помош на кинеската академија за сума од 10 милиони евра.

Германскиот тим трета година по ред ќе одржи турнеја во Кина за време на летните подготовки.

(Миа)