Српската ѕвезда Наташа Беквалац во моментов поминува низ најтешкиот период во својот живот.
Откако пред две недели пејачката брутално беше претепана од својот сопруг, а месец дена претходно се породи во моментов на пејачката и се срушија сите планови.
Имено целото семејство требало да се пресели во новиот дом во кој пејачката вложила 200 илјади евра, а во моментов изградбата на куќата е во прекин, а пејачката стравува дека нема да може да ја заврши истата поради долговите на нејзиниот сопруг.
По овие гласини се огласи и лицето за односи со јавноста на пејачката.
-Наташа во моментов е во многу лоша ситуација. Таа поминува низ многу тежок период во животот. Освен што беше физички нападната, таа е и во големи финансиски долгови. Таа доби и вознемирувачки повици од луѓе што и пренесоа дека нејзиниот поранешен сопруг ја исценирал кражбата на алатот и вредните работи од нивниот иден дом поради што истиот е во застој. Наташа не работи од октомври и таа е во голема економска криза, велат од агенцијата одговорна за односи со јавност на пејачката.