Легендарниот фудбалер, Диего Марадона ја покажа својата човечка големина кога на едно дете од Казахстан му го исполни еден од двата сона. Со сјајниот гест на Аргентинецот, детето оствари еден сон, а другиот е на одличен пат.
Името на тоа дете е Али Турганбеков, а роден е без две нозе. Но и покрај тоа, Али не се предава и сонува дека еден ден ќе заигра фудбал со помош на протези.
Освен сонот да заигра фудбал, негов најголем сон бил и запознавање на големиот Диего Марадона, а Аргентинецот се потруди тоа и да му го исполни.
Имено, на адресата на Марадона стигна видео во кое Али говори како сонува да игра фудбал и дека сонува да го запознае Марадона.
Марадона беше многу среќен што може да го исполни сонот на ова дете и го повика на тренинг на неговиот тим, Ал Фујаирах, кој настапува во првата лига на Обединетите Арапски Емирати.
Кога дојде на тренингот веднаш застана на голот, а Марадона му шутираше. Малиот Али не можеше да го сокрие воодушевувањето што се дружи и тренира со можеби најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот.
9-year-old Ali Turganbekov from Kazakhstan was born with no legs. He has two dreams: to meet football legend Diego Maradona and to be able to play football with prosthetic legs. The first dream came true and the second is on its way. pic.twitter.com/maylXRdf8f
— 433 (@official433) April 26, 2018
После забавата на теренот, Марадона му подари потпишан дрес на детето, а после тоа срдечно се гушнаа.
Навистина одличен гест на големиот фудбалер, кој на Инстаграм објави фотографија како шутира на гол со опис: „Фала Али“.