петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов сој на коронавирус откриен во Британија, научниците загрижени

Нов сој на коронавирус откриен во Британија, научниците загрижени

Уште еден сој на коронавирус со потенцијално згрижувачки сет на мутација е откриен во Велика Британија.

Овој сој, познат како B1525, е предмет на извештајот на истражувачите од Универзитетот во Единбург, кои велат дека е откриен со секвенцирање на геном во 10 држави меѓу кои Данска, САД и Австрлија, додека во Велика Британија се откриени 32 случаи. Најрано откриениот случај е од декември, а се појавиле во Велика Британија и Нигерија, наведува „Гардијан“.

Тимот вели дека сојот во својот геном има сличност со Кентовиот B117 и содржи бројни мутации кои ги загрижиле научниците, вклучително и митацијата Е484К со протеин кој е пронајден на надворешната страна на вирусот кој игра важна улога во помагањето на истиот да влезе во ќелиите.

Оваа мутација Е484К е присутна во соевите кои се појавија во Јужна Африка и Бразил и за која се смета дека вирусот го прават поспособен да избегне неутрализација на антитела кои ги создава телото.