петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми за Баерн Минхен , се повреди Толисо

Проблеми за Баерн Минхен , се повреди Толисо

Фудбалерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Корентин Толисо заработи тешка повреда.

Играчот за врска ја скина тетивата на мускулот, па поради неа Французинот нема да се врати до крајот на оваа сезона.

Оваа е само еден од проблемите за тренерот на Баварците Флик, бидејќи поради коронавирус во моментов ги нема на располагање Томас Милер  и Бенџамин Павар, додека повредени се и Серж Габри, Даглас Коста и резервниот голман Александар Нубел.