Рајан Сандерс не е веќе тренер на екипата на Минесота Тимбервулвс. Составот од Минеаполис се одлучи за промената на тренерската позиција по поразот од Њујорк Никс од 103-99, бидејќи „волците“ имаат најлош скор во лигата 7 победи и 24 порази.
Сандерс ја презема Минесота во 2019 година и со 33 години стана најмладиот тренер во лигата. Во целиот овој период оствари 43 понеди и 94 порази што е трет најслаб учинок, полоши се само Њујорк и Кливленд.