понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

В понеделник до косовската влада Нацрт-законот за војска

В понеделник до косовската влада Нацрт-законот за војска

Министерството за косовските безбедносни сили, покрај противењето на „Српска листа“, најави дека в понеделник до косовската Влада ќе го достави Нацрт-законот за косовската армија.

– Министерството за косовските безбедносни сили (МКБС) ги извршува своите активности и обврски во согласност со план-легислативата на Владата. Во моментот го чекаме финансискиот извештај за буџетските трошоци од Министерството за финансии, како и согласност од Министерството за европска интеграција со цел да се усогласат нацрт-законите со законодавството на ЕУ. Во согласност со законодавната стратегија на Владата на Република Косово и Акцискиот план на МКБС, ние ќе го испратиме предлог-законот до Владата на 30 април, изјави за весникот „Зери“ Ибрахим Шала, директор на Одделот за односи со јавност во МКСФ.

Тој додава дека овој чекор ќе го преземат во моментот кога ќе го добијат извештајот за буџетските трошоци и согласноста од Министерството за евроинтеграции и изразува убеденост дека тоа ќе се случи до 30 април.

Пренесувајќи ја веста косовските медиуми оценуваат дека трансформацијата на Безбедносните сили во армија на Косово ќе го отвори патот на земјата за членство во НАТО. (МИА)