четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Групна тепачка помеѓу братучеди во тетовско Теарце, пoдебелиот крај го извлекол полицаец

Групна тепачка помеѓу братучеди во тетовско Теарце, пoдебелиот крај го извлекол полицаец

На 05.03.2021 во 22.30 часот во с.Тераце од полициски службеници од Полициско одделение Теарце биле лишени од слобода М.М.(24), И.М.(59), М.М.(26) и Ќ.М.(51) сите од с.Теарце бидејќи по претходна расправија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а во врска со претходна пријава во 22,15 часот од М.М.(24) против неговиот братучед М.М.(26) при што пријавените физички нападнале и полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.