понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млад жител на кочанско заработи кривична за бесправна сеча на 148 дабови стебла

Млад жител на кочанско заработи кривична за бесправна сеча на 148 дабови стебла

Дваесетгодишен жител од кочанското  село Пантелеј заработи кривична пријава за бесправна сеча на 148 дабови стебла.

Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против Д.З. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.

-Во текот на ноември 2012 година во селото Пантелеј-кочанско од шума во сопственост на манастирот „Свети Пантелејмон”, пријавениот, извршил бесправна сеча на 148 дабови стебла, наведуваат од МВР.