вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради пандемијата со коронавирусот околу 12 милиони жени изгубиле пристап до контрацепција

Поради пандемијата со коронавирусот околу 12 милиони жени изгубиле пристап до контрацепција

Околу 12 милиони жени изгубиле пристап до контрацепција за време на пандемијата, соопшти Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на ООН.

Тие предупредија дека најсиромашните и најранливите се најтешко погодени.

Фондот на Обединетите нации за населението (УНФПА), врз основа на податоците од 115 земји со низок и среден приход, утврди дека загубата на услугите за планирање на семејството за околу три месеци веројатно довела до 1,4 милиони несакана бременост.

– Ковид донесе хаос кај жените и девојчињата ширум светот. Но, најсиромашните и најранливите сега ги гледаат најлошите последици, рече извршната директорка на УНФПА, Наталија Канем.

Податоците покажуваат дека „помалку бебиња се раѓаат во побогатите земји, додека повеќе бебиња се раѓаат во земјите во развој затоа што има недостиг на пристап до контрацепциски средства“.

Според податоците на организацијата, околу 12 милиони жени веројатно немале пристап до планирање на семејството поради пандемијата.

Лошите практики се зголемија за време на пандемијата, вклучително и детските бракови, чиј број нагло порасна.

Оваа недела, УНИЦЕФ предупреди дека последиците од пандемијата на коронавирусот може да доведат до дополнителни 10 милиони детски бракови во текот на деценијата. (МИА)