Полицијата вчера попладне упасила две лица од Тетово.
-На улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(28) и 24-годишната С.А. од Тетово, кои половина час пред тоа ја навредувале и и се заканувале на 34-годишна вработена во тетовската Клиничка болница, во која се лекувала нивна роднина, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.