Пробајте го овој едноставен рецепт за вкусни колачиња со јагоди.
Потребни ви се околу 20 минути.
Состојки:
Тесто
Малку масло
150 гр. исчистени и исечкани јагоди
Лажица сок од лимон
100 гр. шеќер
250 гр. прашок за пециво
Малку сол
110 гр. путер на собна температура
55 гр. кафеав шеќер
1 поголемо јајце
Лажичка екстракт од ванила
За фил
4 лажици крем сирење
3 лажици шеќер
Изрендана кора од лимон
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење- врз неа сипете малку масло.
Во помала чинија измешајте исечкани јагоди, сок од лимон и лажичка шеќер и оставете да отстојат околу 10 минути.
Во друга чинија измешајте брашно, прашок за пециво и сол. Во трета чинија со мискер изматете путер, преостанатиот бел и кафеав шеќер додека да добиете пенлива смеса. Додајте јајце и екстракт од ванила и матете додека да се соединат. Потоа, додајте брашно и матете постојано додека да добиете соединета смеса. Додајте ги јагодите.
Во друг сад измешајте крем сирење, шеќер и кора од лимон и матете додека да добиете кремаста смеса.
Треба да добиете 24 колачиња, на 12 од нив ставете од филот и поклопете ги со преостанатите 12.
Печете околу 18 до 20 минути или додека да добијат златеста боја.