четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ентони со голем успех по ефикасност во историјата на НБА-лигата

Ентони со голем успех по ефикасност во историјата на НБА-лигата

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони го надмина легендарниот центар на Хјустон, Хаким Олајџувон и се проби на 11. место по број на постигнати поени во историјата на НБА-лигата.

Во победата против Минесота (125:121), 36-годишниот Кармело ноќеска постигна 26 поени (8 од 14 шут од поле) и стигна до бројката 26.955 поени.

Следен пред Ентони е Алвин Хејс (27.313) кој е десетти на вечната листа.

На првите три позиции според бројот на поени се Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928) и Леброн Џејмс (35.189).