четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: СДСМ ажурираше членство – Македонија со најзголемена смртност во светот последната недела, власта спрема попис

ФОТО: СДСМ ажурираше членство – Македонија со најзголемена смртност во светот последната недела, власта спрема попис

Според статистиката која ја објави бугарското министерство за здравство, Македонија во последната недела има најголем раст на смртноста од коронавирусот во светот.

Порастот на смртните случаи кај нас е за 111 отсто во период од 9 до 15 март.

Македонија се наоѓа на седмото место по бројот на смртни случаи со 9,1 починати лица на милион жители во последната недела. Пред Македонија се Словачка со 17,9 починати на милион жители во изминатата седмица, Чешка (16,8), Унгарија (16,2), Бугарија (14,6), Црна Гора (12,7) и БИХ (12,5).

И додека бројот на починати од коронавирус во нашата држава неконтролирано расте а вакцини се уште нема, СДСМ си го ажурира своето членство и прави масовни собири, а тие иститие удираат по луѓето и ги обвинуваат дека поради нивното „непочитување“ на мерките се шири коронавирусот.

 

Дали мерките важат и за луѓето од власта или таму законот нема очи?

 

 

 

Најнови вести