вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Замер: Баерн ќе стигне до финале

Замер: Баерн ќе стигне до финале

Поранешниот спортски директор на Баерн Минхен, Матијас Замер, смета дека баварскиот клуб ќе стигне до финалето на Лигата на шампионите бидејќи сите фактори им одат во прилог.

– Сигурен сум дека Баерн ќе стигне до финалето. Физичката подготвеност, тактичките елементи и психолошкиот фактор се во нивна корист. Но сепак, шансите во нападот ќе мора да ги искористат подобро отколку на првиот натпревар и со малку среќа да не примат гол или да примат само еден. Тогаш се е можно, истакна фудбалскиот стручњак.

Замер, кој во моментов е ангажиран како советник во Борусија од Дортмунд, вели дека „кралскиот“ клуб не е на истото ниво како лани.

– Реал Мадрид е еден голем мит и е во полоша форма од минатата година, потенцира поранешниот функционер на Баерн.

Според Замер, тренерот Јуп Хејнкес го стабилизирал тимот и клубот и во голема мера е заслужен за успехот на Баерн.

Реванш натпреварот од полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, а домаќините ќе ја бранат предноста од 1:2 од првиот натпревар.