сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел ги отвора плажите, вакцинирани над 4,5 милиони лица

Израел ги отвора плажите, вакцинирани над 4,5 милиони лица

По рестораните, концертите и теретаните, Израел сега ги отвора и јавните плажи. Во Тел Авив од утре се отвораат плажите на кои, наводно, ќе може да дојдат и лица кои не се вакцинирани.

Секоја година градските плажи привлекуваат повеќе до 8 милиони лица. Се очекува оваа сезона да има повеќе, со оглед на фактот дека најголем број од Израелците ќе останат во земјата.

Оваа година ќе биде продолжен и проектот „библиотека на плажа“, па на три плажи ќе може да се позајмуваат книги бесплатно.

Коисниците на социјалните мрежи пишуваат дека изнајмување на чадори или столчиња ќе чинат половина евра за жителите на Тел Авив, а за гостите цената ќе биде две евра.

Во меѓувреме изралеските власти соопштија дека целосно вакцинирани се 4,5 милиони лица додека позитивноста на тестовите паднала под 2 проценти, благодарение на агресивната кампања за вакцинирање.

Израелското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 5 милиони лица примиле најмалку една доза од вакцината, а позитивноста на тестовите е 1,9 проценти како и дека нагло опаѓа од јануари кога изнесувала 9 проценти.