четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Преку лажни профили се заканувал на сограѓанин, па доби кривична пријава

Преку лажни профили се заканувал на сограѓанин, па доби кривична пријава

Дебарското одделение за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.К.(34) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.

-М.К. на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, креирал лажен профил од кои, во повеќе наврати на О.Р. од Дебар му испраќал закани по неговиот живот и видеозаписи со недолична содржина, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.