Голманот на германскиот шампион Свен Улрајх синоќа направи голема грешка на почетокот на второто полувреме и му овозможи на Реал да дојде во предност од 2:1.
Улрајх се огласи на својот Инстаграм профил, каде напиша дека зборовите не можат да опишат колку е разочаран што се елиминирани во Лигата на шампионите.
-Реално, нашата цел беше да стигнеме до финалето и дадовме се од себе. Потоа, дојде таа непотребн грешка од моја страна. Не можам да го објаснам тоа. Навистина многу жалам. Жалам за мојот тим и за фановите, – гласи пораката која ја испрати несреќниот Улрајх.