понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Торес: Атлетико е поважен од мене

Торес: Атлетико е поважен од мене

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес вели дека неговото заминување од тимот ова лето е вистинска работа за екипата.

Торес по завршувањето на тековната сезона ќе се опрости од Мадриѓаните.

-Секогаш ќе го ставам Атлетикот пред себе, тие ми се најважни. Мојот сон отсекогаш бил да играм овде, како дете и тоа го исполнив, рече Торес за шанска Марка.

Тореш за Атлетико настапуваше во два наврати. Прво од 2001-2007, а потоа од 2015 досега. За клубот постигна вкупно 96 голови на 263 настапи.

-Ова е втор пат да го напуштам клубот и двата пати беше поради негово добро, а би го направил тоа и трети, дури и четврти пат. Овој клуб мене ми значи се и секогаш ќе ми биде во срцето, рече Торес.