сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од понеделник ќе се вакцинираат дел од вработените во државните институции, еве кои групи се сметаат за критични

Од понеделник ќе се вакцинираат дел од вработените во државните институции, еве кои групи се сметаат за критични

Национална техничка група за имунизација против Ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да почне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно 4000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре почнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години. Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање. Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максимално да ги почитуваат мерките за лична заштита, стои во соопштението.

Најнови вести