Минатата недела во светот потврдени се нови 3,8 милиони случаи на коронавирус, што е пораст од 14 проценти во однос на претходната година, соопшти Светската здравствена организација.
Во наведениот период починале 64.000 лица со што се бележи пораст и кај смртноста на светско ниво од пет проценти.
Најголем број од новозаболените случаи се регистрирани во Југоисточна Азија.