недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Цел месец Баерн Минхен без Левандовски, ова е причината

Цел месец Баерн Минхен без Левандовски, ова е причината

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе паузира еден месец од играње фудбал поради повреда на коленото.

Левандовски во неделата постигна два гола во триумфот на Полска над Андора (3:0) во мундијалските квалификации, пред да биде предвреме повлечен од игра.

Напаѓачот се врати во Минхен веднаш по натпреварот, а неговиот клуб објави дека Левандовски ги исчашил лигаментите на десното колено.

Поради повредата, најдобриот стрелец на Баерн Минхен нема да може да му помогне на актуелниот европски првак во четвртфиналниот двобој против ПСЖ во Лигата на шампиони. (МИА)