петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен сруши уште еден рекорд

Баерн Минхен сруши уште еден рекорд

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен уште еднаш потврди дека е најдобар тим во германската Бундеслига, откако со 1:0 славеше на гости кај Лајпциг во дербито за титулата.

Леон Горецка беше стрелец на погодокот кој значи три бода за актуелниот фудбалски владетел во моментот.

Погодокот на Горецка го одведе Баерн на плус седум бодови пред Лајпциг на табелата, но тој гол имаше и многу поголемо значење.

Баварскиот гигант стана првиот германски клуб кој успеал да постигне барем по еден погодок на 62 натпревари по ред во сите натпреварувања.