недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Боатенг на лето може да го напушти Баерн

Боатенг на лето може да го напушти Баерн

Баерн може да се раздели со дефанзивецот Џером Боатенг претстојното лето.

Според „Кикер“ управата на германскиот клуб не сака да го продолжи договорот со 32-годишниот фудбалер.

На крајот на сезоната 2020/21, Боатенг ќе стане слободен агент.

Фудбалерот е во Баерн Минхен од 2011 година. За тоа време, тој одигра 354 натпревари, постигна 10 гола и направи 25 асистенции. Боатенг има 24 освоени трофеи.