вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина доби одобрение да започне со тестирање на третата вакцина за коронавирус

Кина доби одобрение да започне со тестирање на третата вакцина за коронавирус

Кинеската фармацевтска компанија „Национал биотек груп“ (ЦНБГ) доби дозвола од надлежните институции да започне со тестирање на својата вакцина врз луѓе.

Во извештајот на Ројтерс се вели дека за производство на вакцина од типот ЦНБГ не се потребни производствени капацитети со висок степен на биолошка заштита, што значи дека оваа вакцина би била поедноставна за масовно производство.

Повеќе од десет вакцини на кинески научници се номинирани за различни нивоа на клинички испитувања, а неодамна вакцината на Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките доби „зелено светло“.