недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто сѐ повеќе бебиња се жртви на коронавирусот во Бразил?

Зошто сѐ повеќе бебиња се жртви на коронавирусот во Бразил?

19Пандемијата од коронавирусот трае повеќе од една година, а бројот на смртни случаи од оваа злобна болест во Бразил сега го достигнува својот врв. Иако има многу докази дека ретко се случува децата да умрат од Ковид-19, вирусот однесе животи на 1.300 бебиња во Бразил, пишува Би-Би-Си.

Еден лекар одбил да го тестира едногодишниот син на Џесика на Ковид, велејќи дека симптомите што ги има не се совпаѓаат со профилот на вирусот. Два месеци подоцна, малиот Лукас почина од компликации предизвикани од ковид-19.

Џесика Рикарт, која остана бремена со Лукас по две години обид да остане бремена, сфати дека нешто не е во ред со нејзиниот син кога тој почнал да одбива да јаде. Отпрвин помислила дека има забоболка, а кумата на Лукас, која е медицинска сестра, помислила дека има болки во грлото. Сепак, наскоро малото дете се здобило со треска, а потоа почнало да има потешкотии при дишењето.

Мајката веднаш го однела во болница и побарала детето да се тестира за коронавирусот, но лекарот, и покрај малата сатурација, која изнесувала 86, рекол дека нема потреба да се тестира детето бидејќи немал температура .

– Тој ми рече: Не грижи се, мајко. Нема потреба да го тестираш. Веројатно е само болно грло, изјави Џесика за Би-Би-Си.

Симптомите се ублажиле, но бебето сè уште било поспано и уморно.

Лекарот и рекол дека децата ретко добиваат коронавирус, и дал антибиотици и ја испратил дома. За жал, немало опција детето да се тестира приватно. Џесика вели дека некои симптоми на Лукас исчезнале по десет дена земање антибиотици, но дека детето сепак било постојано уморно. Сите околу неа и порачале да не паничи и дека нема причина да се грижи, но Џесика знаела дека нешто не е во ред со нејзиниот син бидејќи тој не се однесувал како што се однесува нормално.

Беше мај 2020 година, кога епидемијата добиваше интензитет. Во градот во кој живее Џесика, две лица веќе починаа од коронавирусот. Сите локални жители беа во шок, бидејќи тоа е мало место и секој знае секого.

Сопругот на Џесика, Израел, бил против Лукас повторно да биде однесен во болница, бидејќи сметал дека тоа ќе ги зголеми шансите детето да се зарази со коронавирусот. Поминале недели, а малото било сè позаспано и на 3 јуни ќе поврател сè што би внел во себе. Тогаш Цесика сфатила дека нема повеќе време за чекање.

Кога повторно пристигнале во болницата, лекарот го тестирал Лукас на Ковид, со цел да ја „исклучи таа опција“. Сепак, кумата на Лукас, која работи во таа болница, морала да им ја соопшти лошата вест на Џесика и Израел – момчето било позитивно.

Бидејќи таа болница немала соодветни услови за лекување на детето, тие биле испратени во болница на оддалеченост од два часа од нивното место. Таму, на момчето му било дијагностициран мултисистемски воспалителен пост-ковиден синдром (МИС-Ц).

Експертите велат дека овој синдром, кој главно ги погодува децата шест недели откако се заразени со вирусот, е редок, но главниот епидемиолог на Универзитетот во Сао Паоло, д-р Фатима Марињо, вели дека наидува на се повеќе случаи на МИС- Ц.

Опоравување, па мозочен удар
Лукас бил интубиран по пристигнувањето во болницата. Лекарите рекле дека срцето на момчето запрело, но дека успеале да го оживеат. Д-р Мануела Монте, која го лекувала Лукас повеќе од еден месец на одделот за интензивна нега, рекла дека е изненадена што момчето е во толку тешка состојба, затоа што немал истовремени болести.

За 33 дена кога бил на интензивна нега, Џесика успеала да го види само три пати. Детето повеќе не можело да дише самостојно. Во еден момент, неговата состојба се подобрила, па лекарите решиле да му ја отстранат цевката. Откако го разбудиле момчето, тие ги повикале Џесика и Израел да го видат преку камера. Почнал да плаче штом го слушнал нивниот глас. Тоа било последен пат кога го биделе своето момче како реагира. Следниот пат кога ќе го виделе пред камера, тој имал „парализиран изглед“. Наскоро на скенерот било откриено дека има мозочен удар.

Лекарите се надевале дека ќе се опорави, исто како и Џесика. Состојбата се стабилизирала доволно за да го пренесат од интензивна нега на одделение. Сепак, имало нагло влошување. Лукас одеднаш доживеал пад на сатурација и чукање на срцето. Лекарите не можеле да сторат ништо. Починал рано наутро.

Џесика е убедена дека нејзиното бебе сепак ќе било живо ако лекарите се согласеле да го тестираат Лукас на почетокот на мај кога таа за прв пат го донела на преглед. Д-р Монте се согласува. Таа посочува дека МИС-Ц не може да се спречи, но верува дека може успешно да се лекува доколку се дијагностицира навреме.

– Тој пристигна во болницата во критична состојба. Убеден сум дека исходот ќе беше поинаков ако започневме порано да го лекуваме – рече д-р Монте.

Д-р Фатима Марињо вели дека нејзините колеги често живеат со погрешно верување дека мали се шансите децата да заболат од коронавирусот. Таа вели дека бројни студии покажале дека голем број деца и бебиња се позитивни на вирусот.

Според податоците на бразилското Министерство за здравство, во таа земја, во периодот од февруари 2020 година до 15 март 2021 година, Ковид одзел животи на најмалку 852 деца на возраст под 9 години. Меѓу нив има 518 бебиња, кои не наполниле една година. Д-р Марињо проценува дека бројот е двојно поголем.

Според неа, податоците покажуваат зголемен број смртни случаи од неспецифичен акутен респираторен синдром за време на пандемијата и открива дека имало 10 пати повеќе смртни случаи од необјаснет респираторен синдром отколку во претходните години. Земајќи го предвид сето ова, таа проценува дека вирусот навистина убил 2.060 деца на возраст под девет години, вклучително и 1.302 бебиња.

Зошто се случува ова?
Експертите велат дека зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од ковид во Бразил, што е втор по големина во светот, ги зголемило шансите се повеќе деца да бидат заразени.

– Секако, колку повеќе случаи имаме, толку повеќе хоспитализации и расте бројот на смртни случаи во сите возрасни категории, вклучително и децата. Доколку се контролираше пандемијата, ова сценарио може да се избегне – вели Ренато Фури, претседател на научниот оддел за имунизација при Здружението на педијатри во Бразил.

Иако бројките во Бразил растат од ден на ден, претседателот Жаир Болсонаро одбива да воведе заклучување, а ситуацијата дополнително се влошува поради брзото ширење на бразилскиот сој, за кој се верува дека е многу позаразен. Бројот на смртни случаи минатиот месец е двојно поголем од кој било друг месец од почетокот на пандемијата.

Друг проблем е бидејќи децата не се доволно тестирани.