петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Караџовски се придружи на Работнички

Караџовски се придружи на Работнички

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Димитар Караџовски  е новото име во тимот на Работнички, со кое најавуваат атак на шампионската титула во пресрет на плејофот.

Караџовски сезонава беше еден од најдобрите поединци во редовите на Кожув, но искусниот плејмејкер речиси цел месец беше поврзуван со заминување од Гевгелија.