Чилеанскиот министер за здравство, Енрике Париз, имаше мрачен тон во последните денови на неговите дневни прес конференции. Бројот на пациенти на дневна основа го сруши рекордот на 9 април, кога беа забележани повеќе од 9 000 случаи. Претходниот рекорд беше поставен во средината на јуни минатата година, кога за еден ден беа регистрирани нешто помалку од 7.000 случаи.
– Ова е загрижувачко. Ние сме во критичен дел од пандемијата. Ве молиме, грижете се за себе и за своите најблиски – рече Парис, пренесува Би-Би-Си.
Единиците за интензивна нега се преполни, границите се затворени по втор пат за сите нерезиденти во Чиле, а повеќе од 18 милиони жители се во блокада.
– Ми се чини дека одиме обратно. Потребни ни се дозволи за да ја напуштиме куќата и тоа можеме да го правиме само двапати неделно, да одиме да купиме храна или да одиме на лекар – вели Софија Пинто од Сантијаго.
Граѓаните се огорчени и збунети поради новата блокада, затоа што пред само два месеци, претседателот Себастијан Пинера изјави дека Чиле е една од најуспешните земји во светот според бројот на вакцинирани.
Критичарите ја обвинуваат владата дека е „премногу среќна“ за вакцините и се движи премногу брзо за да ги олесни мерките. Како и многу влади низ целиот свет, чилеанските министри мораа да донесуваат тешки одлуки.