понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФИЏИ: По цела година регистриран еден случај на Ковид-19, граѓаните во карантин

ФИЏИ: По цела година регистриран еден случај на Ковид-19, граѓаните во карантин

На Фиџи по една година е регистриран случај на Ковид-19 поради што на граѓаните им е наредено да останат дома, ништо нема да работи, а достапни ќе бидат само здравствените услуги.

Вирусот е откриен кај 53-годишна жена. Таа е прва заболена од април минатата година.

Од почетокот на памдемијата на Фиџи имаше сто заразени лица, а двајца починале од последици на Ковид-19.

– Со цел да спречиме понатамошно заразување и да ги следиме контактите на заразеното лице, од денеска прогласуваме карантин во областите Нада и Лаутока, се наведува во соопштението на Министерство за здравство.