Чешките медиуми известуваат дека поранешниот фудбалер на Спарта Прага, 40 годишниот Павел Пергл извршил самоубиство.
Тој бил пронајден мртов во својот стан во Германија.
-Ова се многу тажни вести за нас и сите љубители на фудбалот и спортот. Дојде во Спарта со десет години и во кариерата одигра 68 натпревари за нашиот клуб. Почивај во мир, стои на службената страница на Спарта Прага.
It is very sad news for Sparta and all football fans to hear that our former player Pavel Pergl has died. He arrived in Sparta as 10-year-old and then he played 68 matches in the first team. Rest in peace! pic.twitter.com/5T48aqktxN
— AC Sparta Prague (@ACSparta_EN) May 2, 2018
Пергл е поранешен стопер кој играл во Англија, Германија, Швајцарија, Израел и Кипар.
Павел секогаш бил прав борец, давал се за својот тим, го ризикувал своето здравје за да помогне. Давал и примал тешки удари на теренот, изјави за него неговиот поранешен тренер од времето кога настапувал за Прибрам, Јири Котрба.