среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп Гвардиола го најави следното засилување на Барселона

Пеп Гвардиола го најави следното засилување на Барселона

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити освои нова титула во Лига Купот по минималниот триумф над Тотенхем во финалето на „Вембли“, на кое денеска беше дозволено присуство на околу 8 илјади гледачи поради подобрата состојба со пандемијата во Велика Британија.

Гвардиола практично го најави првото летно засилување на Барса за наредната сезона, откако откри зошто не го повикал Ерик Гарсија на денешното финале против Тотенхем.

Ова не е првпат Пеп да излезе со ваков коментар за стоперот, кој повеќе од веројатно е дека ќе биде важен дел од одбраната на каталонскиот гигант наредната сезона.

– Не знаете колку Ерик значи за мене. Тој е како мој син, минатата сезона не направи ниту една грешка кога играше. Барселона не купува обични играчи, Ерик е светска класа, – изјави неодамна Пеп.