Џејсон Тејтум постигна 60 поени во најлудиот меч сезонава во НБА лигата и беше лидер во победата на Бостон селтикс од 143;140 против Сан Антонио по едно продолжение.
Во „ТД Гарден“ се случи третиот најголем пресврт во историјата на кошарката, откако кошаркарите на Бостон анулираа негатива од 32 поени разлика, се изборија за продолжение и победија.
🚨 JAYSON TATUM TIES THE @CELTICS RECORD WITH 60 POINTS! 🚨
The @celtics win in OT after trailing by 32! 🤯 pic.twitter.com/UXkbvOGdZo
— NBA (@NBA) May 1, 2021
Ноќта со 8 НБА натпревари ја одбележа и кам-бекот на Леброн Џејмс по пауза од шест недели, но Лејкерс не успеаја да му приредат победнички дочек на Кралот на кошарката и загубија со 106:110 од Сакраменто кингс.
Леброн настапи на нешто повеќе од 31 минута и постигна 16 поени, со 8 скока и 7 асистенции.
Резултати: Бостон – Сан Антонио 143:140 по продолженија, Филаделфија – Атланта 126:104, Кливленд – Вашингтон 93:122, Бруклин – Портланд 109:128, Мемфис – Орландо 92:75, Чикаго – Милвоки 98:108, Феникс – Јута 121:100, Л.А. Лејкерс – Сакраменто 106:110.