сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ: Шефот на Бионтек открива кога може да се очекува крај на пандемијата

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ: Шефот на Бионтек открива кога може да се очекува крај на пандемијата

Шефот на фармацевтската компанија „Бионтек“ Угур Сахин говорејќи на Самитот на извршни директори во организација на Волстрит џурнал откри кога светот може да се ослободи од заштитни маски, карантин и затворање, и да се врати во „нормалниот“ живот.

– Треба да обезбедиме навистина високо ниво на вакцинација низ целиот свет. Во спротивно, никој нема да биде безбеден, рече Сахин и додаде дека пандемијата ќе заврши само кога целиот свет ќе достигне ниво на имунитет на стадо.

– До средината на 2022 година, дури и многу густонаселени региони, како што е Индија, може да постигнат висок степен на вакцинација и имунитет на стадо. Во следните 12 месеци ќе видиме се поголем број на индустриски, сиромашни и земји во развој кои ќе успеат да ја постигнат оваа цел, додаде Сахин.

За да се постигнат овие цели, ќе биде потребно да се зголеми производството на вакцини, но и да се почне мешање на различни вакцини против Ковид-19.

– Колку повеќе вакцини имаме, толку подобро … Теоретски можеме да ги мешаме затоа што на крајот нашата цел е да постигнеме имунитет на стадо. Сакаме да имаме што повеќе вакцинирани луѓе, додаде Озлем Туречи, коосновач на компанијата и главна лекарка во Бионтек.

Таа исто така откри дека тие водат преговори со Кина со цел вакцината на Фајзер/Бионтек да биде достапна во земјата како еден вид додаток на кинеските вакцини, особено за вакцинирање на стари лица.