Битолски Пелистер плеј-офот ќе го пречека како лидер по завршување на регуларниот дел од сезоната во Првата машка кошаркарска лига. Битолчани по вторпат оваа сезона го совладаа Работнички со убедливи 94-77.
Домаќинот доминираше во текот на целиот меч, брзо го урна отпорот на противникот и без проблем се зацврсти на врвот со 39 поени или 17 победи и пет порази. Работнички овој дел од сезоната го завршува со 15 победи и седум порази.
Малешевиќ со 21 поен и Кесар со 16 поени беа први стрелци кај Пелистер, на другата страна 21 поен запиша Тортон.