сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Блескава шутерска вечер за Стеф Кари против Оклахома

Блескава шутерска вечер за Стеф Кари против Оклахома

Стеф Кари повторно одигра натпревар за паметење во НБА лигата. Одличниот плејмејкер беше неверојатен на натпреварот со Оклахома Сити Тандерс и сo 49 поени беше најзаслужен за убедливата победа на Голден Стејт Вориорс од 136-97. Кари имаше уште 5 скока и 2 асистенции, а одличен во таборот на Вориорси беше Вигинс со 18 поени. Кај поразената екипа прв стрелец беше Микхаилук со 17 поени.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одново забележа одлична партија во дресот на Денвер Нагетс, но овој пат не можеше сам против супер-тимот на Бруклин кој на крај славеше со 119-125.

Српскиот центар натпреварот го заврши со 29 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека кај второпласираната екипа во Источната конференција се истакнаа Дурант со 33 и Ирвинг со 31 поен. На останатите натпревари Торонто загуби од Мемфис (99-109), Портланд го надигра Сан Антонио (124-102), а сигурна победа извојува и Јута над Хјустон (124-116).