недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити официјално нов шампион на Англија

Манчестер Сити официјално нов шампион на Англија
Англискиот Манчестер Сити е нов шампион на Англија, откако тимот на Пеп Гвардиола вечерва не играше, но поразот на Јунајтед од Лестер им ја завери титулата. Поради густиот распоред, Оле Гунар Солшер за денешниот меч извади значително ослабен стартен тим, а тоа го искористи Лестер и дојде до значајни три бода за нив во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Резултатот беше отворен во 10. минута кога Томас постигна деби гол во Премиерлигата за водство на Лестер од 1-0. Само пет минути подоцна Гринвуд го изедначи резултатот на 1-1. Во 66. минута Сојунчу постигна гол за ново водство на Лестер, 2-1 што беше и конечен резултат.
Солшер во текот на вториот дел во игра ги стави Кавани, Рашфорд и Фернандеш, но резултатот остана непроменет за на крајот да се радуваат Лестер и Манчестер Сити.