Турската полиција спречи обид на 37 мигранти за илегален премин на границата меѓу Турција и Бугарија, јави Анадолија.
Според полицијата, илегалните мигранти се откриени во реоните на Демирќој и Кофчаз во близина на турско-бугарската граница.
Во полициското соопштение не е наведена националноста на приведените мигранти.
По приведувањето мигрантите им биле предадени на службеници на канцеларијата на Дирекцијата за миграција во округот Киркларели.
(Миа)