понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички се пласираше во полуфиналето на Купот

Работнички се пласираше во полуфиналето на Купот

Кошаркарите на Работнички го победија ТФТ Скопје со 66:62 во четвртфиналето на Купот на Македонија, кој се игра во СРЦ Кале.

Иако момците од Тафталиџе одиграа храбро искуството беше пресудно, па Работнички е  полуфиналист.

Виктор Ефремовски беше најпрецизен играч на средбата, постигна 17 поени и со еден повеќе беше пред соиграчот Питс. Амир Смит со 15 поени се истакна кај ТФТ, но тоа беше недоволно за подвиг.