Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ не е одделена од внукот Жељко, а нивното ново видео ги разнежни нејзините бројни обожаватели на Инстаграм. Имено, на видеото се гледа како малиот Жељко заспива во прегратките на пејачката и ја фрла цуцлата, а таа цело време се смее и го снимала секој момент.
Инстаграмот на Цеца, инаку, е полн со нејзини кадри и фотографии со внукот Жељко, и покрај тоа што стана баба по неговото раѓање, таа не сака да ја нарекуваат така.
Имено, неодамна, Анастасија објави снимка на која може да се слушне разговорот на Цеца со Вељко Ражнатовиќ, каде таа му кажува дека не е баба на Жељко.
– Јас не сум неговата баба! Ќе ме нарекува Светлана како тебе – потенцираше пејачката и ги насмеа сите.