понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган одбива дебата со опозицискиот кандидат за претседател

Ердоган одбива дебата со опозицискиот кандидат за претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли повикот на претседателскиот кандидат на опозицијата за за ТВ дебата пред предвремените избори на 24 јуни.

Повикот за дебата беше упатен вчера од страна на кандидатот за претседател од редовите на Републиканската народна партија, Мухарем Инџе. Според него, тоа Турција ќе ја стави во редот на развиените држави со традиција на ТВ дебати пред избори.

Ердоган изјави дека не сака да учествува на дебата на која било телевизија.

– Не сакам на друг човек да му овозможам да добива поени на моја сметка, изјави Ердоган синоќа во Анкара.

Тој додаде дека е подготвен на средба со Инџе во просториите на партиското седиште.

МИА