понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Денес МЗТ Скопје-Куманово ќе го дадат последниот полуфиналист во кошаркарскиот шампионат

Денес МЗТ Скопје-Куманово ќе го дадат последниот полуфиналист во кошаркарскиот шампионат

Полуфиналната серија, односно дуелите на четирите екипи кои ќе го минат четвртфиналето, ќе стартува во среда, на 26. мај.

Според прифатеното, првите натпревари во полуфиналната серија која ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“, во кои предност на домашен терен ќе имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе се играат на 26. мај (среда).

Наредниот, на теренот на послабоплaсираните екипи, е предвидени да се реализираат на 28. (петок), додека евентуалните трети натпревари на програмата се на 30. мај (недела), одново на теренот на екипите со повисок стартен број во доигрувањето.

Финалисти на плеј-офот ќе бидат двете екипи кои први ќе постигнат две победи во двете полуфинални серии.

ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

26.МАЈ

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009

Работнички – Еуро Никел 2005

28.МАЈ

МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009 – Пелистер

Еуро Никел 2005 – Работнички

30. МАЈ (АКО БИДЕ ПОТРЕБНО)

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром/Куманово 2009

Работнички – Еуро Никел 2005