понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најверојатно Ким Џонг-ун повторно во посета на Кина

Најверојатно Ким Џонг-ун повторно во посета на Кина

Медиумите во Јапонија и во Јужна Кореја објавија дека во авионот кој вчера слета на кинескиот аеродром Далиан, можеби бил и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Нивните тврдења се поради силните безбедносни мерки околу аеродромот, како и поради тоа што не постои редовна авиолинија од Северна Кореја за Кина.

Авион со претставници на Северна Кореја вчера слета во Кина, еден ден пред воена вежба, на која ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Доколку се потврди дека во авионот бил Ким, тоа ќе биде негова втора посета на Кина за два месеца.

–  Очигледно некој висок претставник на Северна Кореја го посети Далиан. Со оглед на различните околности што се случија, а се поврзани со протоколот, големи се шансите тоа да е Ким, изјави неименуван извор.

Јапонската новинска агенција Кјодо објави дека во Далиан слетал специјален авион на севернокорејската авиокомпанија „Ер Корјо“, а претходно од аеродромот бил откажан летот за Јапонија на кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Кјодо наведува дека Кечијанг го пролонгирал летот за да се сретне со севернокорејскиот претставник,

Кинескиот премиер денеска треба да ја почне четиридневната посета на Јапонија, при што е предвидено да се сретне со јапонскиот премиер Шинѕо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

(Миа)