Фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез, поради операцијата на скочниот зглоб, ќе го пропушти финалниот натпревар од Лига на шампионите против Реал Мадрид.
Гомез оваа сезона настапи на 31 натпревар и беше дел од стандардните состави на тренерот Јирген Клоп, но поради повредата ги пропушти последните три.
Исто така е неизвесен и неговиот настап за репрезентацијата на Англија на Светското првенство во Русија. Гомез за англиската репрезентација досега има настапено на три натпревари.
Финалето од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се игра на 26 мај во Киев.
МИА